0

13 Нови рекорди на Македонија поставени на Меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ во Скопје

Чаба Силаџи и Нина Станисављевиќ прогласени за најдобри пливачи

На 8от Меѓународен пливачки митинг „13 Ноември“ кој се одржа овој викенд 19-20.10,2019 во Скопје на базенот Борис Трајковски(25м) учество земаа 342 пливачи од 6 земји и тоа Србија,Бугарија,Косово,Албанија,Чешка и домаќинот Македонија.Најдобри пливачи на митинот се прогласени пливачот на ПК Војводина од Србија,Чаба Силаџи со освоени 3119 бодови од 4 трки во машка и Нина Станисављевиќ од ПК Дубочица исто така од Србија во женска конкуренција.На истиот митинг постигнати се вкупно 13 нови државни рекорди во повеќе категории.

Пливачката на ПВК Орион од Скопје,Миа Крстевска 2001постави нов

Апсолутен рекорд:200м грбно – 2:14:53 (стариот рекорд исто така беше во нејзина сопственост  2:17:13 поставен во квалификациите на истиот митинг)

Додека втората пливачка на ПВК Орион,Миа Блажевска Еминова 2005 постави дури 11 рекорди:

Кадетски рекорд:50м делфин – 28:51(стариот рекорд исто така беше во нејзина сопственост  28:75 поставен во утринските квалификации)

Кадетски и Младински рекорд:100м слободно – 57:60(стариот рекорд беше во сопственост на Ана Јаневска 58:22)

Кадетски и Младински рекорд:50м слободно – 26:49(стариот рекорд беше во нејзина сопственост 26:84 поставен во утринските квалификации)

Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд:50м грбно – 29:91(стариот Кадетски;Младински и Апсолутен  рекорди беа во нејзина сопственост 30:16 поставени во утринските квалификации )

Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд:100м мешано – 1:05:22(стариот Кадетски и Младински беа во нејзина сопственост поставени во утринските квалификации 1:05:67 а Апсолутниот рекорд беше во сопственост на Анастасија Богдановски 1:05:63)

Пливачката на ПК Аква Про од Скопје,Ева Петровска постави нов Младински рекорд на Македонија во дисциплината 200м делфин со време 2:20:23(стариот рекорд беше во сопственост на Моника Спасова 2:22:67)

https://plivanje.info/data/Rezultati/2019/Preuzeto/13_Novembar_2019_MKD/index.html


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *