0

3та трка од Македонскиот куп во далечинско пливање

На 29.08.2020 во Леуново,на Мавровското езеро се одржа третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.На трката учество земаа 45 пливачи од 11 клуба од Македонија.Трката беше со должина од 2,5км а воедно се одржа и промотивна трка од 800м за пливачи родени 2009 и помлади.

Технички организатор беше Пивачкиот Клуб Бета Шаркс од Скопје

Апсолутни победници на трката беа Деркоски Филип од П.В.К.Орион и Костандиновска Јана од ПК Нептун.

После 3 испливани трки,во водство по категории се следните пливачи:

Категорија 1(пливачи родени 2002 и постари)

Деркоски Филип ПВК Орион

Категорија 2(пливачи родени 2003-2005)

Тануровски Давид П.В.К.Орион МАЖИ

Костандиновска Јана ПК Нептун Жени

Категорија 3(пливачи родени 2006-2008)

Велков Михаил ПК Нептун МАЖИ

Дамјанова Софиа ПК Октопод ЖЕНИ

Официјални резултати


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *