0

6 Нови рекорди на Македонија на „Скопје Опен 19“

На 16-17.11.2019 на базенот Борис Трајковски во Скопје се одржа Меѓународниот пливачки митинг „Скопје Опен 19“ во организација на Пливачкиот Клуб Скопје од Скопје.

На митингот учествуваа 50 клуба и една Репрезентација со 586 пливачи од повеќе држави.За најдобри пливачи беа прогласени Бугарските репрезентативци,Јордан Јанчев во машка конкуренција со вкупно 2390 бодови од 3 трки, воедно и со највреден резултат на митингот во трката од 400м слободно со време 3:43:10 и, во женска конкуренција Георгиева Габриела со вкупно 2202 бода од три трки.

Членките на ПВК Орион од Скопје,Миа Крстевска и Миа Блажевска Еминова, поставија 6 нови Национални рекорди на Македонија во повеќе категории и дисциплини.

Крстевска Миа постави нов Апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 100м грбно со време 1:03:36,додека пак Блажевска Еминова Миа постави Кадетски и Младински рекорд во дисциплината 100м слободно со време 56:79 додека во дисциплината 100м мешано постави нов Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд со време 1:04:15

Официјални реултати: https://live.swimrankings.net/25376/index.html


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *