0

7 нови рекорди на Македонија на ММ „Вардар 2018 Опен“

На 01.11.2020 на базенот Борис Трајковски се одржа првиот ММ „Вардар 2018 Опен“ во организација на Пливачкиот Клуб Вардар 2018 од Скопје.

На митингот учество земаа 289 пливачи од 29 клуба од Србија,Словенија,Босна и Херцеговина,Косово и Македонија.

За најдобри пливачи на митингот се прогласени Тања Поповиќ од ПК Плави Талас од Белград и Филип Деркоски од П.В.К.Орион од Скопје.

Поставени се нови 7 Национални рекорди на Македонија:

Танаскоска Катја – ПК Скопје,постави нови рекорди во категоријата Постари пионерки во следните дисциплини:

50м грбно 32.58

100м грбно 1:09.04

200м грбно 2:29.38
Јанковиќ Сара – ПК Скопје,постави нови рекорди во категоријата Постари Пионерки во следните дисциплини:50м градно 35.88 и 100м градно 1:19.97

Бошнаков Димитар – ПК Скопје,постави нов рекорд во категоријата Помлади Пионери во дисциплината 200м грбно 2:30.01

Андреев Даријан – ПК Скопје,постави нов рекорд во категоријата Помлади Пионери во дисциплината 50м делфин 30.44.

Официјални резултати:https://plivanje.info/data/Rezultati/2020/Preuzeto/I_Vardar_2018_Open_2020_MKD/index.html


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *