2

9 нови рекорди на Македонија поставени за време на викендот

Македонските пливачи имаа успешен викенд на два Меѓународни митинга.

На Меѓународниот пливачки митинг „Куп на Зрењанин“ кој се одржа од 31.10.-03.11.2019 во Зрењанин,членката на ПВК Орион од Скопје Блажевска Еминова Миа, постави 7 нови рекорди на Македонија на 25м базени во повеќе категории и дисциплини:

Кадетски и Младински рекорд100м слободно – 56:98

Кадетски и Младински рекорд50м слободно – 26:34

Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд100м мешано – 1:04:91

Додека членот на ПК Скопје од Скопје,Стефан Цветковски постави нов Кадетски рекорд на истиот митинг во дисциплината 50м делфин со време 26:01

На Меѓународниот пливачки митинг „Степ Куп“ кој се одржа во Приштина на 02-03.11.2019,женската штафетата на ПК Скопје од Скопје во трката од 4×50м мешано во состав Неделковска,Неделковска,Ангеловска и Жунгулова постави нов Кадетски и Младински рекорд со време 2:21:47.

Официјални резултати од „Куп на Зрењанин“: https://www.serbia-swim.org.rs/live/2019/gp-2019/index.html

Официјални резултати од „Степ Куп“: https://plivanje.info/data/Rezultati/2019/KOS/Step_Open_Championship_2019_KOS/index.html


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

2 komentara

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *