0

Андреа Бјанки победник на последната трка од ФИНА Светската серијата на Ултра маратони.

На последната 6та трка од ФИНА Светската серијата на Ултра маратони која се одржа во Италија од Капри до Наполи во должина од 36Км,победи Италијанскиот пливач Андреа Бјанки.Во женска конкуренција исто така победи Италијанката Барбара Позбон.

Македонскиот репрезентативец Евгениј Поп Ацев го освои 3то место,додека вториот пливач од Македонија Александар Илиевски го освои 9то место.

На трката настапија 23 пливачи(10 во женска и 13 во машка конкуренција).Трката не ја завршија двајца пливачи во машка конкуренција.

Оваа трка беше и пресудна за освојување на првото место во Светската серија, борбата се водеше помеѓу Поп Ацев и Стокино од Италија кој оваа трка ја заврши на 5то место со што Евгениј Поп Ацев неофицијално е Победник во ФИНА Светската серија на Ултра маратони со 365 бодови.

Официјални резултати:

http://fina.org/event/fina-ultramarathon-swim-series-2019-6/results


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *