0

Ариана Бриди ,Апсолутен победник на 55то издание на Капри-Наполи

Италијанската пливачка и Европска шампионка на 25Км од 2018 во Глазгов,Ариана Бриди е Апсолутен победник на 55то издание на маратонската трка Капри-Наполи во должина од 36Км,таа воедно постави и нов рекорд на патеката со време од 6:04.26.Стариот рекорд беше во сопственоста на Виталиј Кудјаков од Казакстан поставен во 2014 со време од 6:11.27.

Прв во машка конкуренција е Марсел Шоутен од Холандија кој ја исплива трката во време од 6:05.07.

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го зазема 9то место во Апсолутна и 6то во машка конкуренција со време од 6:32.40

Поради ситуацијата со коронавирусот, ФИНА ја откажа целата серија на Ултра маратони,но организаторот и Италијанската пливачка федерација решија да ја продолжат традицијата и поканија само 12 пливачи кои имаат оставено белег во маратонското пливање и на самата трка.Од поканетите пливачи дури 7 пливаа подобро од рекордот на Кудјаков поставен во 2014.

Официјални резултати:http://www.caprinapoli.com/web/?lang=en


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *