0

Базенот во Охрид готов за 1 година

Во тек е изградба на капитален објект од огромно значење за пливачкиот спорт во Република Македонија, а тоа е затворениот пливачки базен во Охрид. Изградбата е започната во Октомври 2015 година и досега се одвиваше со повеќе потешкотии. Во последно време се забележува зголемен интензитет на работите на објектот, односно се гледа поставување на челичната кровна конструкција.

Инаку проектот за овој објект е авторско дело на Васил Велков, архитект кој е поранешен пливач и маратонец, рекордер на Македонија во дисциплината грбно и воедно судија со знакот на ФИНА. Тој ни објасни дека базенот е проектиран како репрезентативен објект по кој ќе стане препознатлив целиот спортски центар Билјанини извори.

В.В-Објектот содржи две базенски корита. Едното со димензии 25 / 33 метри и длабочина од 2 метри наменето за тренинг и натпревари за пливање и ватерполо и мало базенско корито со димензии 12,5 / 6,25 метри со променлива длабочина од 0,8 до 1,2 метри наменето за најмладите и за обука на непливачи. Покрај овие главни сорджини предвидени се и голем број пратечки содржини на објектот кој ќе ја надополнат содржината и ќе ја збогатат понудата на овој објект. Планирано е објектот да има фитнес центар, спа и велнес центар, продавница за спортска опрема, репрезентативен угостителски дел, голем магацински простор и многу други содржини.

Она што најмногу би ја интересирало пливачката јавност е тоа дека проектот предвидува комплетно опремување на објектот со целокупната опрема за пливање и ватерполо, вклучително и опрема за електронско мерење и обработка на резултати, голем фул колор лед видео дисплеј и други реквизити .Според динамиката на изведување на работите објектот треба да биде завршен за 12 месеци.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *