0

Бронзен медал за Миа Крстевска во Индијанаполис

Од 10-13 февруари во Акватик центарот во Елкхарт, Индиана се одржа осмата по ред GLVC (Great Lake Valley Conference) на која силите ги одмерија 10 мaшки и 9 женски тимови од исто толку универзитети .

Членката на ПВК Орион, Миа Крстевска која од оваа aкадемска година настапува за University of Indianapolis настапи во дисциплините 50 и 200 краул и 100 и 200 грбно. Во сите дисциплини исплива свои најдобри времиња, а својот најдобар настап го имаше во дисциплината 200 грбно каде го освои бронзениот медал со време 1:59.42.

Следен значаен настап на Миа е националното првенство NCAA II кое ќе се одржи од 17-20 Март во Бирмингем, Алабама.

Линк до резултати овде.

Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *