Јане Карајованов – Биографија

Роден на 11.08.1977 во Скопје, на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.

Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски – Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера. Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство (2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства (1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.

Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.

Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје