0

Летно Национално Првенство во пливање

На Летното Национално Првенство што се одржа на 04-05.07.2021 на базенот Аеродром во Скопје, учество земаа 14 клуба Скопје, Битола, Куманово и Охрид и вкупно 290 пливачи.

На Првенството се постави еден Национален рекорд во дисциплината 800м слободно, каде што пливачот на Пливачкиот клуб Вардар 2018 од Скопје, Ѓуретановиќ Никола, постави нов рекорд во категоријата Постари пионери со време 09:08.14.

За најдобри пливачи по категории на првенството беа прогласени следните:

Апсолутна:
Мажи: Деркоски Филип ПВК Орион
Жени: Крстевска Миа ПВК Орион

Младинци:
Мажи: Стојановски Андреј ПК Нептун
Жени: Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018

Кадетки:
Мажи: Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018
Жени: Милковска Јана ПК Вардар 2018

Постари пионери:
Мажи: Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018
Жени: Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018

Помлади пионери:
Мажи: Герасимовски Василиј ПВК Орион
Жени: Велкова Емилија ПК Нептун

Официјални резултати од Националното првенство: https://plivanje.info/data/Rezultati/2021/Preuzeto/Letno_nacionalno_prvenstvo_2021_MKD/index.html?fbclid=IwAR3jGuD9pW8FM9idKM12SPyStUU4mKsPXNWcf326jemdt65dI0cwXgYzYi4


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *