0

Македонски Куп во далечинско пливање 2019

Евгениј Поп Ацев, Победник на Олимписката дисциплина 10км

По завршување на 4от круг на трки од Македонскиот куп во далечинско пливање кој се одржа на 15.09.2019 на Велешкото езеро Младост,победници во категории се следните пливачи:

Категорија 1(пливачи родени 2001 и постари)

Мажи:Евгениј Поп Ацев ПК Вардар 2018

Категорија 2(пливачи родени 2002/2004)

Мажи:Божидар Мирчевски ВиП Работнички

Жени:Лина Јордановска ПК Младост

Категорија 3(пливачи родени 2005/2007)

Мажи:Марко Ѓузиќ ПК МладостЖени:

Калина Стојановска НПФ

Оваа година на Купот се пливаа 4 круга и тоа:

02.08.2019 -Охрид

10.08.2019-Охрид

25.08.2019-Маврово

15.09.2019-Велес


Jane Karajovanov

Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite odgovor

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *