0

Марко Блажевски:Период за самомотивирање

Двократниот Олимпиец од Лондон 2012 и Рио 2016 и повеќекратен рекордер го сподели со нас мислењето во врска со Токио 2020,Американскиот „трајалс“ и што прави во слободно време

SwimOn – Живееш во Шарлот,САД,каде што работиш и тренираш.Кажи ми каква е ситуацијата таму?

Марко – Во Шарлот не е премногу лоша ситуацијата во споредба со други места во САД,од денес 26.03.2020 Градоначалникот издаде наредба за седење дома и излегувањето да се сведе на минимум.

SwimOn- Како го поминуваш времето и дали се навикна на ситуацијата?

Марко – Ова ми е втора недела како работам од дома и имам минимален контакт со луѓе.Од време на време е малку досадно,но лесно наѓам работи за занимација

SwimOn – Што мислиш за одлуката ИОК да ги одложи Олимписките игри за 2021?

Марко – Мислам дека одлуката да се одложат игрите е правила,бидејќи ситуацијата со коронавирусот е сериозна работа.Со ова покрај спортистите се заштитуваат и потенцијалните гледачи кои ќе патуваат во Токио.Исто така одложувањето им овозможува рамноправни подготовки подготовки на тие спортисти кои моментално поради ситуацијата седат дома

SwimOn – Што очекуваш од сезоната,ти исполни норма за Американското изборно првенство или популарниот „ТРАЈАЛ“кој поради ситуацијата е откажан и не се знае кога ќе се закаже?

Марко – Пливачката федерација на Америка ги откажа сите натпревари до крајот на Април и официјална дата за Олимпискиот „триалс“ сеуште нема.Ваква пандемична ситуација прв пат доживувам и немам конкретни очекувања на спортски план.Моментално чување на здравјето и почитување на правилата околу вирусот ми се во прв план.

SwimOn – Какви вежби правиш за да го задржиш тонусот на мускулите,сепак пливањето е специфичен спорт?

Марко – Одржувањето на кардио формата мислам дека е најтешко во оваа ситуација.Во Шарлот почнуваат да расцутуваат дрвата и времето е добро,така што пробувам што е можно повеќе да трчам на свеж воздух.Вежби за суви тренинзи име премногу и ако се тренираат сите мускулни групи ова е одличен период за здобивање на сила која после би требало да се префрли во базен.

SwimOn – Што би им препорачал на  пливачите во овој период?

Марко – Мислам дека спортистите имаат многу важен момент да се преиспитаат самите која е НИВНАТА ЦЕЛ и зашто тренираат.Додека се има многу слободно време е исто така одличен период да се пронајде нов начин на самомотивирање.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *