0

Нов рекорд на Цветковски

На отвореното Сениорско првенство на Бугарија во пливање,кое се одржа од 28-30.08.2020 во Софија,членот на ПК Скопје од Скопје,Стефан Цветковски постави нов Кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 50м делфин со време 26:34.Стариот рекорд изнесуваше 27:04 и беше во сопственост на Симоновски Иван.

Стефан прво рекордот го собори во утринските квалификации каде исплива време од 26:45, додека во вечерните финални трки само го подобри веќе неговиот рекорд.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *