0

Нови рекорди за Македонските пливачки на Дубочица Опен

На Меѓународниот пливачки митинг „Дубочица Опен“ кој се одржа на 15-16.02.2020 во Лесковац поставени се два нови Државни рекорди на Македонија.

Пливачката на П.В.К Орион од Скопје,Миа Крстевска постави нов Апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 200м грбно со време 2:18:02(стариот рекорд беше во нејзина сопственост со време 02:20:70) додека Миа Блажевска Еминова исто така од П.В.К.Орион постави нов Младински рекорд на Македонија во дисциплината 100м слободно со време 58:62(стариот рекорд беше во нејзина сосптвеност 58:81).

Младиот пливач на П.К Вардар од Скопје,Станковски Дамјан беше прогласен за најдобар пливач во категоријата на пливачи 9 години и помлади.На митингот учество земаа 348 пливачи од 7 држави додека од Македонија учество земаа клубовите:Аква Про,Вардар 8,Младост,Вардар,Скопје,Вардар 2018 и Орион сите од Скопје.

Официјални резултати:https://live.swimrankings.net/26998/


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *