Одложени Меѓународни натпревари поради коронавирусот
Поради ситуацијата со коронавирусот во Македонија,каде е потврдено дека кај едно лице е присутен овој вирус,Министерството за здравство даде препораки на Владата на С.Македонија со кои бара да се ограничат или одложат сите поголеми собири вклучително и спортски натпревари во времетраење од 7 дена.
Националната пливачка федерација следејќи ги препораките на Министерството за здравство и Владата донесе одлука Меѓународните пливачки митинзи кои беа предвидени за овој викенд 29.02-01.03.2020 „Нептун Куп“ и за наредниот викенд 06-08.03.2020 „Гранд При Македонија: да се одложат на неопределно време.
Точните дати на одржување на митинзите ќе зависат пред се од ситуацијата во Државата и од претходно утврдениот календар на натпревари.
Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање.
Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање.
Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.
Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје