Поп Ацев на 3 стотинки од Олимписка норма
На 19-20.06.2021 во Сетубал, Португалија се одржаа Олимписките квалификации на 10Км,претходно истите беа предвидени во Фукуока, Јапонија но поради кризата со коронавирусот истите се префрлија на веќе традиционалната патека во Сетубал.
На 19.06 прво стратуваа жените,каде помеѓу 40 пливачки победи Ана Олаш од Унгарија со време 2:01:55.50, додека на 20.06 стартуваа мажите и помеѓу 55 пливачи учество зема и најдобрит пливач во далечинско пливање на Македонија, Евгениј Поп Ацев кој заврши на 19то место со време од 2:03:06.00 и заостанување помало од една минута после победникот Хектор Пардое од Велика Британија кој исплива време 2:02:07.60.
Евгениј Поп Ацев го испушти 15то место кое водеше директно во Токио за помалце од 3 стотинки каде што се пласира пливачот од Австралија, Николас Сломан со време 2:03:03.60.
Официјални резултати:Competition Results | FINA Official