0

Поп Ацев трето место во Охрид

На 21.08 во Охрид се одржа првата трка од ФИНА Светската серија на Ултра маратони во должина од 25Км. На патеката од Св.Наум од Охрид, учество земаа 12 машки и 7 женски пливачи, односно вкупно 19 пливачи. На целта прв пристигна Европскиот и и Цветскиот првак на 25Км, Аксел Рајмонд од Франција со време од 5часа 10 минути и 31 секунда,втор беше Едуардо Стокино од Италија со време од 5:10.32 а трет Евгениј Поп Ацев од Македонија со време 5:10.34.

Вториот пливач од Македонија, Александар Илиевски го зазема 10 место во машка конкуренција, додека Леонид Мишевски беше надвор од дозволениот временски лимит. Кај жените победи исто така пливачката од Франција,Осеан Касињол со време 5часа 16минути и 39секунди. Оваа година исто така поради пандемијата со коронавирусто, Светската серија на Ултра маратони има само 3 трки.

Наредна трка од Светската серија е легендарната Капри-Наполи која се одржува на 5 Септември, додека последната е закажана за 21 Ноември во Розарио, Аргентина.

Резултати: https://www.fina.org/competitions/1173/fina-ultramarathon-swim-series-2021/results

Фото:Фејсбук архива


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *