0

Прв пливачки маратон „Тоше Проески“ во Крушево

Во историското Крушево се одржа првата трка од Македонскиот Куп во далечинско пливање.Маратонот го носеше името на легендарниот Македонски пеач „Тоше Проески“ и се пливаше во должина од 2,5Км.На маратонот учество земаа околу 40 пливачи од 10 македонски клуба и се натпреварува во три категории:

Категорија 1 – пливачи родени 2002 и постари

Категорија 2 – пливачи родени 2003-2005

Категорија 3 – пливачи родени 2006-2008

Техничкиот организатор ПК Вардар 2018 организараше и промотивна трка од 800м за пливачи родени 2009 и помлади која не влегува во категоризирање на Купот.

Апсолутни победници на маратонот беа пливачите Деркоски Филип од П.В.К.Орион од Скопје кај мажите и Костадиновска Јана од П.К.Нептун од Скопје кај жените.

Најдобриот Македонскио пливач во далечинско пливање,Евгениј Поп Ацев иако беше најавен дека ќе стартува,поради технички причини не беше во можност да настапи.

Наредна трка од Македонскиот Куп во далечинско пливање е предвидена на 16.08.2020 во Охрид.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *