0

Рекордерски викенд за пливачите на Орион

На Меѓународниот пливачки митинг „Трофеј на Белград 2021“ кој се одржа во Белград на 19-20.06.2021 и кој беше критериумски натпревар за исполнување на Олимписка норма за ЛОИ Токио 2021,пливачите на П.В.К.Орион од Скопје поставија 4 нови Национални рекорди.

Блажевска Еминова Миа постави 3 нови Национални рекорди, на 100м грбно постави нов Апсолутен и Младински рекорд со време 1:04.41,а воедно го подобри и својот рекорд на 100м слободно во Младинска конкуренција со време 57.13,односно 741 ФИНА бод со што е најдобра пливачка во женска конкуренција во Македонија.

Младиот пливач Васили Герасимовски постави нов рекорд во дисциплината 50м слободно, категорија Помлади пионери со време 28.63.

На натпреварот учество земаа 29 пливачи од Македонија од клубовите ПК Нептун, П.В.К.Орион, ПК Аква Про од Скопје и ПК Тумба од Куманово.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *