0

Соломаратон во чест на Нико Нестор

Македонскиот репрезентативец во далечинско пливање и победник на Светскиот куп на Ултра маратони на ФИНА за 2019 година,Евгениј Поп Ацев на 11.07.2020 пливаше соломаратон во чест на Нико Нестор.

Соло трката која ја исплива Евгениј беше во должина од 7Км,стартот беше на Свонси марината а финишот во Мамблс Велс,Велика Британија,каде што Евгениј веќе подолго време живее и тренира.

Евгениј должината од 7,15Км ја сиплива со време од 1час 37минути и 14секунди.

Целта на трката беше да се соберат финансиски средства за хуманитарната организација „Нико Нестор“, кои ќе овозможат децата од финансиски ранливите семејства да добијат можност за часови по пливање и обука за безбедност на вода.

На следниот линк можете да донирате средства на организацијата „Нико Нестор“ : https://www.gofundme.com/f/evgenij039s-7-km-swim?utm_source=customer&utm_campaign=p_cp+share-sheet&utm_medium=copy_link-tip&fbclid=IwAR3HKZ0s30_QX7gEMXO2nLPSZcfpjVtcNaiZKXXdUKOLHbufgp6psDUCRb0


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *