0

Светски рекорд на Сара Колер

Германската пливачка Сара Колер на Националното првенство на Германија на 25м базени кое се одржа во Берлин од 14-17.11.2019 постави нов Светски рекорд во дисциплината 1500м слободно со време 15:18:01 што е за 1,7 секунди подобро од поранешниот рекорд на Шпанската пливачка Миреиа Белмонте Гарсија (15:19:71) кое го исплива во 2014 година на Националното првенство на Шпанија.

Сара Колер е носител на сребрен медал во дисциплината 1500м слободно од последното Светско првенство во големи базени кое се одржа во Јужна Кореа каде што трката ја исплива во време од 15:48:83.

Официјални резултати од националното првенство на Германија: https://schwimm-dm.de/livetiming/


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *