0

Завршен 7от Македонски Куп во далечинско пливање

Со последната трка која се одржа на Велешкото езеро на 12.09.2020,заврши 7от Македонски куп во далечинско пливање кој оваа година поради коронакризата се одржа само во една делница од 2,5Км.

Од предвидените 6 трки,се одржаа само 4 и тоа:

09.08-Крушево

16.08-Охрид

29.08-Маврово

12.09-Велес

Севкупни победници со најмногу освоени бодови се:

Категорија 1(пливачи родени 2002 и постари)

Мажи:Деркоски Филип П.В.К.Орион

Категорија 2(пливачи родени 2003-2005)

Мажи:Тануровски Давид П.В.К.Орион

Жени:Костандиновска Јана ПК Нептун

Категорија 3(пливачи родени 2006-2008)

Мажи:Велков Михаил ПК Нептун

Жени:Дамјанова Софиа ПК Октопод

Табела со бодови:http://pfm.org.mk/?p=4211


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *