0

Зимско Национално Првенство на Македонија

На Зимското Национално Првенство во пливање на мали базени кое се одржа на 14-15.12.2019 на базенот Борис Трајковски според календарот на Националната Пливачка Федерација учество земаа 19 клуба и околу 300 пливачи кои се натпреваруваа во сите старосни категории(Сениори,Младинци,Кадети,Постари и Помлади пионери) поединечно и екипно.

За најдобри пливачи по категории според најголем број на победи во категорија се прогласени следните пливачи:

Жени:Помлади пионерки – Софиа Дамјанова ПК Октопод 

Постари пионерки,Кадетки,Младинки и Сениорки – Миа Блажевска Еминова ПВК Орион 

Мажи:

Помлади пионери – Никола Ѓуретановиќ ПК Вардар 2018

Постари пионери – Јован Јанковски ПВК Орион

Кадети и Младинци – Андреј Стојановски ПК Нептун

Сениори – Филип Деркоски ПВК Орион

На првенството се поставени и 13 индивидуални и 5 рекорди во штафетните трки.Членката на ПВК Орион,Блажевска Еминова Миа постави нови рекорди во следните дисциплини:Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на  50м грбно со време 29:30.Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 50м градно со време 34:24.Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 100м делфин со време 1:02:98 со што го собори 20 години стариот Апослутен рекорд на Наташа Мешковска кој изнесуваше 1:03:03.Кадетски рекорд на 100м градно со време 1:14:90Кадетски рекорд на 50м делфин со време 28:39.

Членот на ПК Скопје,Стефан Цветковски постави нов Кадетски рекорд во дисциплината 50м делфин со време 25:90.

Додека членката на ПК Октопод,Софиа Дамјанова постави нов рекорд за Помлади пионерки во дисциплината 50м делфин со време 30:59.

Штафетите на ПК Вардар 2018 поставија нови рекорди за Помлади пионери со време 2:17:02 на 4×50м мешано и 2:01:97 на 4×50м слободно.Штафетите на ПК Скопје поставија нови рекорди за Кадетки и Младинки на 4×50м мешано со време 2:17:05,нов рекорд за Кадетки и Младинки на 4×50м слободно со време 2:02:75 и нов рекорд за Постари пионерки на 4×50м слободно со време 2:02:75

Официјални резултати: https://plivanje.info/data/Rezultati/2019/Preuzeto/Zimsko_Drzavno_prvenstvo_2019_MKD/index.html


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *