0

Зимското Национално Првенство во пливање

Според Програмата на Националната Пливачка Федерација утре и во Недела( 14-15.12.2019) на базенот Борис Трајковски ќе се одржи Зимското Национално Првенство на Македонија во пливање на мали базени.Првенството е екипно и поединечно и ќе биде за сите старосни категории:

Сениори/ки – пливачи/ки родени 2000 и постари

Младинци/ки – пливачи/ки родени 2001 и помлади

Кадети/ки – пливачи/ки родени 2003 и помлади

Постари пионери/ки – пливачи/ки родени 2005 и постари

Помлади пионери/ки – пливачи/ки родени 2007 и помлади

Трките во утринските делови почнуваат во 09:00 а во попладневните делови во 17:00,распливувањето почнува 1 час порано.

Програма и пропозициина Зимското Национално Првенство:file:///C:/Users/Kontrolor/Desktop/NPF/Програма%20за%20Зимско%20Национално%20Првенство%202019.pdf

Стартни листи и резултати: https://plivanje.info/data/Rezultati/2019/Preuzeto/Zimsko_Drzavno_prvenstvo_2019_MKD/index.html


Jane Karajovanov

Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite odgovor

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *