На 27.04.2022 на Олимпискиот базен Центар,според програмата на Националната пливачка федерација на Северна Македонија се одржа Националното првенство во далечинско пливање на кое учество земаа 10 пливачи.Тие се натпреваруваа во две категории:
Категорија А – 5Км(пливачи родени 2006 и постари)
Категорија Б – 2,5Км(пливачи родени 2007/08/09)
Победници по категории се:
Категорија А
Мажи: Евгениј Поп Ацев ПК Вардар 2018
Жени: Ивона Наумова ПСК Челични
Категорија Б
Мажи: Петар Цеков ПК Вардар 2018
Жени: Нина Карајованова П.В.К.Орион
Официјални резултати
Jane Karajovanov
Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање.
Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање.
Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје.
Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје