0

Потретседателот на Европската пливачка федерација ЛЕН во Македониуа

Денес во официјална посета на Националната пливачка фрдерација на Северна Македонија престојуваа високите претставници на ЛЕН Европската и на ФИНА Светската пливачка федерација д-р Јосип Варводиќ прв потпретседател на ЛЕН и член на бордот на ФИНА и Милош Мрачевиќ делегат на ЛЕН за ватерполо.
За време на посетата заедно со своите домаќини Горан Стојановски – претседател и Васил Велков и реномираните Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, остварија средби со претседателот на РСМ Стево Пендаровски, директорот на АМС Наумче Мојсовски и претседателот на МОК Даниел Димевски.

На средбите беше истакната подршката на актуелното раководство на НПФСМ во кое гледаат искрени пријатели и партнери за понатамошна успешна соработка. Беше нагласено дека првата работа ќе биде заедничкото решавање на надворешниот долг на федерацијата, а со помош на посетените институции да се реши внатрешниот долг што поскоро. Проектите кои се во тек ќе продолжат да се реализираат непрекинато


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *