0

XVII Немо куп

На 27-28 Ноември во организација на Пливачкиот Клуб Делфин од Скопје се одржа традиционалниот 17ти по ред, Меѓународен пливачки митинг “Немо куп’  на базенот Борис Трајковски.
На митингот учество земаа 346 пливачи од 34 клуба и тоа од Албанија, Бугарија, Косово и Македонија. На Митингот се постигнаа 6 нови Национални рекорди во помладите категории.

Нови рекордери се:

  • Јанковски Јован – П.В.К.Орион,постави нов Кадетски рекорд во дисциплината 100м слободно со време 53.10 и нов Кадетски рекорд во дисциплината 100м делфин со време 57.63.
  • Ѓуретановиќ Никола – ПК Вардар 2018 постави нови рекорди за Постари пионери во дисциплините 200м мешано со време 2:16.52,100м грбно со време 1:02.69 и 50м делфин со време 27.06
  • Герасимовски Василиј – П.В.К.Орион,постави нов рекорд за Помлади пионери во дисциплината 50м грбно со време 31.61

Најдобри пливачи по категории на митингот беа прогласени следните пливачи:

  • Категорија А Мажи- Јанковски Јован П.В.К.Орион, Жени -Џемолари Вивиен ТЕ Стела
  • Категорија Б Мажи- Јанковски Јован П.В.К:Орион, Жени- Китановиќ Ива П.В.К.Орион
  • Категорија Ц Мажи- Станковски Горазд ПК Вардар 2018, Жени- Беиќи Хана Х2О
  • Категорија Д Мажи- Велковски Никола ПК Вардар, Жени- Миленковска Неда ПК Младост
  • Категорија Е Мажи- Цеков Влатко-ПК Вардар 2018, Жени- Колческа Теодора ПК Младост
  • Категорија Ф Мажи- Иванов Алекс ГД Спорт, Жени- Трифуновска Ирина ПК Младост

Ова е најстар Меѓународен пливачки натпревар во Македонија кој и покрај коронакризата, успешно и без прекин се организира веќе 17 години.

Официјални резултати: XVII NEMO KUP 2021 – SPLASH Meet Manager 11


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *