0

9 рекорди на Македонија на ММ „13 Ноември“

На 9от Меѓународен пливачки митинг „13 Ноември“ кој се одржа на 17-18.10.2020 на базенот Борис Трајковски во организација на Пливачкиот Клуб Бета Шаркс постигнати се 9 Национални рекорди на Македонија во повеќе возрасни категории и тоа:

Миа Блажевска Еминова 2005-ПВК Орион

Младински и Апсолутен рекорд на Македонија на во дисциплината 50м делфин  27.97

Младински Рекорд  на Македонија во дисциплината  50м слободно  26.33

Јован Јанковски 2006-ПВК Орион

Рекорд за постари пионер во дисциплината  50м делфин со време 27.30
Стефан Цветковски 2004 – ПК Скопје

Кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 50м делфин 25.75

Катја Танаскоска 2008-ПК Скопје

Рекорд за Постари пионерки на Македонија во дисциплината 100м грбно 1:09.11

Сара Јанковиќ 2008 – ПК Скопје

Рекорд за Постари пионерки на Македонија во дисциплината 50м градно 36.24

Даријан Андреев 2008 – ПК Скопје

Рекорд за Помлади пионери на Македонија во дисциплината  50м делфин 31.00
Петровска Ева 2004 – ПК Аква про

Младински рекорд на Македонија во дисциплината 400м слободно 4:15.84
Стојановски Андреј 2004 – ПК Нептун

Кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 50м грбно 27.39

На митингот учество земаа 250 пливачи од 6 Држави,и за најдобри пливачи се прогласени Репрезентативците на Чешка,Јан Сефл со 3155 бода во машка и Кристина Хорска со 3348 бода во женска конкуренција.


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *