0

Нови рекорди на Блажевска Еминова Миа

На Меѓународниот пливачки митинг „Куп на Зрењанин“,членката на ПВК Орион од Скопје постави нов Кадетски и Младински рекорд во дисциплината 100м слободно со време 57:08.Стариот рекорд исто така беше во сопственост на Миа,кој го постави пред две недели на ММ „13 Ноември“ во Скопје.

Овој резултат,Миа го постави во полуфиналната трка и како 3то пласирана е влезена во финалето кое е на програмата вечерва.

https://live.swimrankings.net/25418/


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *