0

13 Ноември по 9ти пат на Борис Трајковски

Овој викенд 17-18.10.2020, на базенот Борис Трајковски,во организација на Пливачкиот клуб Бета Шаркс од Скопје ќе се организира 9от Меѓународен пливачки митинг „13 Ноември“.

На митингот има пријавено преку 250 пливачи од Србија,Косово,Албанија,Македонија и Чешката Репрезентација во пливање која после подготовките во Австрија допатува во Скопје за учество на митингот.

Како дел од репрезентацијата на Чешка е и Шампионката од Летните Младински Олимписки Игри – Буенос Аирес 2018 во дисциплините 50 и 100 метри слободно,Барбора Семанова.

Утринските квалификации започнуваат во 09:00 додека финалните трки започнуваат во 17:00,распливот еден час порано.

Поради почитување на протоколите и препораките за спречување на ширење на коронавирусот,натпреварот ќе се одржи без публика.

Поради тоа организаторот овозможи следење на натпреварот во живо:https://www.facebook.com/plivackiklubbetasharks/

И следење на резултати во живо:https://plivanje.info/data/Rezultati/2020/Preuzeto/13_Novembar_2020_MKD/index.html


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *