0

Охрид, Светска серија 10км

На 28.09 во Охрид се одржа втората трка од овогодинешната ФИНА Светска серија  на маратони од 10Км .На стратот од трката се појавија вкупно 38 пливачи,22 во машка и 16 во женска конкуренција. Победник кај мажите беше пливачот од Франција, Марк Антоан Оливие со време 1:54:54.16 додека кај жените пливачката од Унгарија, Ана Олаш со време 2:04:26.40.Македонските пливачи, Евгениј Поп Ацев и Кристијан Стојановски го заземаа 15 односно 21 место во машка конкуренција, додека единствената пливачка од Македонија, Јана Констандиновска не ја заврши трката. Наредна е трката во Нанту, Тајван која е предвидена за месец Септември но сеуште не е потврдна точната дата за нејзино одржување,исто како и за трките во Хонг Конг за месец Октомври и финалето во Елиат, Израел за Декември. Оваа година поради ситуацијата со коронавирусот единствена трка која досега беше одржана е таа во Март во Доха,Катар.

Резултати:ОВДЕ

Фото: ФИНА архива


Jane Karajovanov

Роден на 11.08.1977 во Скопје,на 7 години почнува да тренира пливање во Пливачки и Ватерполо Клуб Вардар од Скопје кај својот прв тренер Зоран Димитров за после тоа да премине во понапредна група кај Миле Битраков.Од својата 15 година тренира кај проф.д-р Димитрија Поповски - Шкипер во АПК Студент од Скопје па се до крајот на својата кариера.Во текот на тоа време има настапи на 2 Светски првенство(2003 во Барселона и 2005 во Монтреал) и 2 Европски првенства(1999 во Истамбул и 2000 во Хелсинки) на трките од 25км.Во 2004 заврши на 9то место на Светската ранг листа на ФИНА во маратонско пливање. Државен првак во неколку базенски дисциплини и 1999 Државен првак во маратонско пливање. Дипломиран професор по Физичко образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје и Магистер по Специјална едукација и рехабилитација на Институтот за дефектологија на Филозофвкиот факултет во Скопје. Главен трнер и основач на Пливачкиот и Ватерполо Клуб Орион од Скопје

Ostavite komentar

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *